„Кралот на криптовалутите“, До Квон обвинет во Црна Гора за фалсификување исправа

Црногорското обвинителство го обвини јужнокорејскиот „крал на криптовалутите“, До Квон и еден од неговите сонародници за кривично дело фалсификување исправа.

До Квон и неговиот соработник Хон Чонг Џун беа уапсени на аеродромот во Подгорица во март, според меѓународна потерница, кога се обиделе да летаат за Дубаи со приватен авион.

До Квон во светот е познат како „Крал на криптовалутите“, а неколку земји го сомничат за измама од 40 милијарди долари.

ОСТАНАТИ ВЕСТИ

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *