КРИЕЛ ДРОГА ВО ЦИСТЕРНА фатен на граничниот премин Прешево во Србија

Српски „Информер“ пишува дека случајот бил откриен кога мобилниот скенер на царината го издвоил камионот со странска регистрација кој од Грција се упатил кон Белгија.

Српската гранична полиција и полицијата од Врање привеле бугарски државјанин кој криел дрога во бункер во цистерна на граничниот премин Прешево-Табановце. Кај И.И.(44) најдени се 42,3 килогами прашкаста материја слична на амфетамин.

Српски „Информер“ пишува дека случајот бил откриен кога мобилниот скенер на царината го издвоил камионот со странска регистрација кој од Грција се упатил кон Белгија.

„Полицијата на граничниот премин Прешево, на влез во Србија, во специјално направен бункер во цистерната на камионот управуван од пријавениот , пронашла 63 пакувања со супстанца за која се сомнева дека е амфетамин“, соопшти МВР на Србија во соопштение.

ОСТАНАТИ ВЕСТИ