Еден маж загина, а уште еден е повреден во тешка сообраќајна несреќа на магистралниот пат А3 Брегана-Липовац,во Хрватска на јужната коловозна лента.
Известувањето за несреќата било примено во Центарот за оперативни комуникации на Полициската управа Брод-Посавина околу 19:10 часот.
Од Томислав Ковачевиќ, полициски службеник за односи со јавноста на СВ Брод-Посавина, 24сата.хр дознаваат дека починатиот (51) бил државјанин на Македонија, кој бил сопатник во приватен автомобил со италијански регистарски таблички.
Другата патник, кој е повреден во несреќата, исто така е македонски државјанин, а се наоѓал во автомобил кој излетал од патот.