Агенцијата за животна средина издаде портокалово предупредување за југозападот и централниот дел на Словенија поради силен ветер. За јужниот дел од земјата е издадено портокалово предупредување поради снежните услови. Температурите паднаа, некаде дури и за повеќе од 10 Целзиусови степени.
Ljubelj, Korensko sedlo in Rogla danes ☃️ in še kje v naši okolici vse bo snežilo do srede zjutraj.#vreme#sneg pic.twitter.com/jk4LmWZenC
— Avtokampi.si (@Avtokampi) April 16, 2024
Заладувањето со студен ветер носи и бури во северна Словенија, а врнежите снег треба да засилат во текот на ноќта.
„Во појасот од Горењска до Корушка се очекуваат 30 до 60 милиметри врнежи. Во повисоките предели, над околу 800 метри, може да паднат околу 20 сантиметри снег“, објави Агенцијата за животна средина на Словенија.
Сообраќајно-информативниот центар предупреди дека зимската опрема е задолжителна и по 15 март во случај на снег на коловозите.