Петок, 13 ноември 2026 петок, 13 ноември Струга 18°C Струга 18°C Пријави вест
Струга

„Пежо“ со струшки таблички и велосипед се судрија во Охрид: Жена тешко повредена

Објавено: · 1 мин читање
„Пежо“ со струшки таблички и велосипед се судрија во Охрид: Жена тешко повредена

Тешки телесни повреди добила 73-годишна охриѓанка во сообраќајна несреќа што се случила на сервисна улица во поранешниот комплекс „Отекс“ во Охрид.


Според СВР Охрид, несреќата била пријавена на 12 ноември во 11:20 часот. Во неа учествувале автомобил „пежо“ со струшки регистарски ознаки, управуван од 47-годишен стружанец, и велосипед што го управувала повредената жена.


Тешките повреди биле констатирани во Специјалната болница „Свети Еразмо“ во Охрид. Увид на местото извршила екипа на СВР Охрид.