По обработени 71,64 отсто податоци во ЦИК, во новиот парламент во Бугарија влегуваат шест партии

По обработени 71,64 отсто од записниците во ЦИК на Бугарија, шест партии влегуваат во новиот Парламент.

На прво место е коалицијата ГЕРБ-СДС со 26,33 отсто, или 448.705 гласови, а потоа следи коалицијата „Продолжуваме со промената – Демократска Бугарија“ – 24,89 отсто (424.165). Трета со 14,76 отсто или 251.599 гласови е партијата „Преродба“.

На четврто место е „Движење за права и слободи“ со 12,55 отсто или 213.960 гласови. Петти се „БСП за Бугарија“ со 8,99 отсто. Шестата политичка сила која го помина потребниот праг од 4 отсто од гласовите на гласачите е „Има таков народ“ со 4,32 отсто – 73.561 глас, јави БТА.

Под прагот остануваат „Бугарски подем“ со 3,09 отсто и „Левица!“ со 2,30 отсто.

Опцијата „Не поддржувам никого“ ја избрале 75.289 гласачи.

ОСТАНАТИ ВЕСТИ

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *