Недела, 15 ноември 2026 недела, 15 ноември Струга 14°C Струга 14°C Пријави вест
Балкан

Поплавите ја парализираа и Словенија, предизвикани 16 свлечишта

Објавено: · 1 мин читање
Поплавите ја парализираа и Словенија, предизвикани 16 свлечишта

Предизвикани се 16 свлечишта, од кои повеќето во североисточниот дел на Словенија, од обилните врнежи што во текот на ноќта ја зафатија Словенија.

Пожарникарите црпеле вода од подрумите на магацините и другите објекти, ги исчистиле пропустите, ги отстраниле паднатите дрвја и поставиле вреќи со песок.

За отстранување на последиците од обилните врнежи помагаат и повеќе од 100 припадници на словенечката армија. Сообраќајот на одредени патни правци е во прекин поради излевање на водотеци.