Поранешен командант на ОВК треба да плати и отштета на жртвите од над 200 илјади евра

Еден од командантите на ОВК, Салих Мустафа, кој беше осуден од Специјалниот суд на Косово на 26 години затвор за воени злосторства, киднапирање, тортура и убиства на албански цивили во април 1999 година во селото Злаш, мора да плати вкупно 207.000 евра отштета на настраданите.

Советот на Специјалниот суд го прифати предлогот на адвокатите на жртвите и денеска нареди Мустафа да плати 170.000 евра за трите директни жртви, по 80.000, 60.000 и по 30.000 евра, додека петте индиректни жртви, против чии блиски членови на семејството е извршено делото, ќе добијат вкупно 37.000 евра, три семејства по 10.000 евра, едно 5.000, и уште едно – 2.000 евра.

Судијката Мапи Фелт Фоља рече дека Мустафа е прогласен за виновен и должен да ја надомести оваа штета.

Судијката Фоља изјави дека осудителната пресуда на Мустафа е правда за жртвите по повеќе од две децении и дека иако парите не можат да ги вратат убиените или да ги надоместат деновите на тортура и болката што настанала и траела долго потоа, материјалната отштета ќе значи нешто за нив.

По ваквата одлука на судскиот совет, претседателот на Специјалниот суд на Косово во Хаг треба да назначи судски орган, кој ќе го следи спроведувањето и извршувањето на оваа наредба за репарација и ќе го определи рокот до кој треба да се исплатат сите жртви.

ОСТАНАТИ ВЕСТИ

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *