Сабота, 14 ноември 2026 сабота, 14 ноември Струга 11°C Струга 11°C Пријави вест
Балкан

Пожарот во Домот за стари лица во Тузла зема нова жртва – вкупно 12 загинати

Објавено: · 1 мин читање
Пожарот во Домот за стари лица во Тузла зема нова жртва – вкупно 12 загинати

Бројот на жртви во страшниот пожар, кој избувна во вторник вечерта во Домот за стари лица во Тузла, се зголеми на 12, откако денес едно лице почина во Универзитетскиот клинички центар во овој град.
Починатиот бил сместен во Домот за стари лица, а починал на Клиниката за реанимација и анестезиологија.
МУП на Тузланскиот кантон бил информиран за смртта на уште едно лице од Универзитетскиот клинички центар. Истрагата за оваа трагедија е сè уште во тек.