Полициски службеници од ОВР Струга привеле 23-годишен стружанец, откако при сообраќајна контрола било утврдено дека управувал автомобил без возачка дозвола.
Настанот се случил на 11 ноември 2026 година, околу 01:55 часот, на улицата „ЈНА“ во Струга.
При контрола на патниот сообраќај, полицијата сопрела патничко возило „фолксваген пасат“ со струшки регистарски ознаки. По извршената проверка било утврдено дека 23-годишниот возач не поседувал возачка дозвола, по што бил лишен од слобода.
Од МВР информираат дека по целосното документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Извор: МВР




