Републиканците во САД бараат лојалност од членовите кои учествуваат во изборните дебати

Претседателката на Националниот комитет на Републиканската партија, Рона МекДаниел изјави дека сите членови на партијата кои сакаат да учествуваат во дебатите за избор на републикански претседателски кандидат на изборите во 2024 година ќе мора да потпишат ветување за лојалност.

Според неа, сите делегати кои имаат намера да учествуваат на примарните избори за кандидати на Републиканската партија ќе треба да потпишат ветување дека ќе го поддржат победничкиот партиски кандидат, пишува лондонски „Гардијан“.

Рона МекДаниел, која претседава со Националниот комитет на Републиканската партија од 2017 година, изјави за Си-Ен-Ен дека сите делегати треба да потпишат ветување за лојалност иако конечниот список на критериуми за дебатите сè уште не е објавен.

„Ако планирате да бидете учесник во дебатата на Националниот комитет на Републиканската партија, барајќи од гласачите да ве поддржат, тогаш треба и вие да ветите дека ќе ги поддржите гласачите и тој кого тие ќе го изберат за кандидат“, рече МекДаниел.

ОСТАНАТИ ВЕСТИ