Недела, 8 ноември 2026 недела, 8 ноември Струга 9°C Струга 9°C Пријави вест
Свет

Руски балони над Киев, повеќето соборени

Објавено: · 1 мин читање
Руски балони над Киев, повеќето соборени

Шест руски балони се забележани над Киев, а повеќето од нив се соборени со противвоздушни ракети, соопшти денеска воената управа на главниот град на Украина.

Во соопштението објавено на Телеграм, властите во Киев нагласија дека балоните можеби носеле аголни рефлектори и опрема за разузнавање.

Потенцијалната цел на пуштањето балони била да се „исцрпи нашата противвоздушна одбрана“, соопштија силите на Киев, додавајќи дека ќе бидат донесени конкретни заклучоци по деталната истрага. (МИА)