САД: Имаме информации дека Србија не и продава оружје на Украина

Амбасадата на САД во Белград има сознанија дека Србија не и продава оружје на Украина, соопшти денеска Радио Слободна Европа (РСЕ) во врска со наводите во тајните документи на Пентагон.

„Не можеме да коментираме за наводни доверливи информации, но според нашите сознанија Србија не и продава оружје на Украина“, изјавија за РСЕ од американската амбасада во Белград.

Пренесувајќи податоци од обелоденети тајни документи на Пентагон, агенцијата Ројтерс претходно објави дека Србија се согласила да испрати оружје во Киев или веќе го испратила. Ова веднаш го демантираа српските министри за одбрана и надворешни работи Милош Вучевиќ и Ивица Дачиќ.

ОСТАНАТИ ВЕСТИ

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *