Собраниска седница за избор на нова влада во Србија денеска

Пратениците во српското Собрание во 10 часот ќе ја почнат седницата на чиј дневен ред е изборот на новата српска Влада со која ќе раководи ендокринологот Ѓуро Мацут.

Во понеделникот мандатарот на Србија Ѓуро Мацут до српскиот парламент поднесе предлог за состав на Влада, заедно со биографиите на предложените пратеници.

За прв потпретседател и министер за финансии е предложен Синиша Мали, а заменик премиер и министер за внатрешни работи останува Ивица Дачиќ. Трет вицепремиер е Андријана Месаровиќ, која ќе го задржи и ресорот економија.

ОСТАНАТИ ВЕСТИ