Суспендиран косовски полицаец кој пукал во Србин

Косовската полиција призна дека нивен полицаец синоќа недалеку од тоа место кај мостот Бистрица пукал во Србинот Милан Јовановиќ од Звечани.

Како што соопштија, продолжиле со интензивните истраги со надлежните полициски единици од регионално и централно ниво, со цел што поскоро расветлување на овој случај.

– Како резултат на континуираните истраги и ангажирањето на полициските единици на местото на инцидентот, како и увидот на приложените докази, беше можно да се добијат докази кои укажуваат на можна вмешаност на полициски службеник во престрелката. По доставените информации и докази преземени се мерки за суспендирање на полицискиот службеник бидејќи не го пријавил случајот и неговото учество во случајот, од што П.К издал известување дека не е вклучен во размената или пукањето со огнено оружје. Исто така, мерки за суспензија беа преземени и против тројца други можни службеници инволвирани во случајот – соопшти косовската полиција.

Како што додаваат, за дополнително информирање на јавноста за постапувањето на полицијата и наодите од службените истраги, се сомнева дека во овој случај е вмешан полициски службеник и дека косовската полиција, согласно законските процедури, веднаш го известила Косовскиот полициски инспекторат и надлежното обвинителство за понатамошно постапување.

– Косовската полиција ќе продолжи да ги извршува службените дејствија согласно законските овластувања, да ја информира јавноста на фер и непристрасен начин, без разлика кој е инволвиран во случајот и под никакви околности, нема да постапува поинаку, само во согласност со важечките закони. Воедно, полицијата на Косово тесно ќе соработува со Полицискиот инспекторат и Државното обвинителство, за да продолжи да повикува на одговорност полицајците кои прекршуваат и не постапуваат според највисоките етички и професионални стандарди – заклучуваат оттаму.

Јовановиќ бил застрелан од припадници на специјалната единица на косовската полиција – Роса додека се движел со автомобил на главниот пат од Лепосавиќ кон Звечан.

Јовановиќ беше опериран и моментално е стабилен.

ОСТАНАТИ ВЕСТИ

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *