ТЕШКА СООБРАЌАЈКА ВО ХРВАТСКА Камион влетал во детска соба, повредено 14-годишно девојче

Камионот излетал од патот во близина на Винковци и влетал во куќа, го пробил ѕидот и завршил во детската соба, каде во тоа време се наоѓало 14-годишно девојче.

Две лица се повредени утрово во сообраќајна несреќа во Мирковци кај Винковци откако камион излетал од патот и влетал во куќа, информираат од Вуковарско-сремската полиција, пренесува Индекс.

Возачот изгубил контрола и со камионот влетал во детската соба каде во моментот се наоѓало 14-годишно девојче. Девојчето е пренесено во болницата во Винковац со расекотини и повреди на главата. Камионџијата има скршеница на носот, но по сопствена желба сакал да ја напушти болницата.

– Се разбудив, отидов да се напијам кафе и наеднаш слушнав како се крши стаклото, се затресе и куќата, во еден миг помислив дека е земјотрес. Но сопругата дојде викајќи: „брзо доаѓај горе, покривот падна!“ – изјави за РТЛ, Марко Микшиќ, сопственик на куќата.

Камионот буквално влетал во куќата, го пробил ѕидот и завршил во детската соба, каде во тоа време се наоѓало 14-годишно девојче.

– Кога дојдов, имав што да видам. Морав да ја скршам вратата за да влезам. Викнав –  не е покривот, во нашата куќа влета камион! На главата на ќерка ми и падна покривот или тула, уште не знам. сопругата е со неа во болница, пријавила дека ништо не е скршено, но и ја сошиле главата. Девојчето е во свесна состојба – вели Марко Микшиќ.

Тој потврдува дека камионот влетал во просторијата во која била неговата 14-годишна ќерка.

-Малата седеше и викаше – мамо, види има крв, крв…“ – раскажува сопственикот на куќата во која утрово влета камион.

ОСТАНАТИ ВЕСТИ