УБИЕЦОТ САКАЛ ДА СЕ СПОГОДИ? Ќе кажел сѐ за убиството на Данка, само под еден услов

Еден од убијците на малата Данка Илиќ (2) наводно се обидел да се спогоди за да си обезбеди помала казна.

Двајца работници на „Водовода“ од Бор, Срѓан Јанковиќ и Дејан Драгијевиќ се осомничени за убиството на Данка Илиќ во вторникот на 26 март во 13 часот и 52 минути, само седум минути откако мајката на девојчето, Ивана Илиќ, го пријавила нејзиното исчезнување.

Го признале делото, дека девојчето го убиле со автомобил, а потоа телото го фрлиле на депонија.

Убиецот сакаше да се спогоди
По телото на убиеното девојче сѐ уште се трага, а еден од двајцата осомничени, според Информер, сакал да се спогоди. Тој им понудил на инспекторите да им каже сѐ за делото во замена за полесна казна.

Потсетуваме, убиената Данка Илиќ исчезна на 26 март околу 13 часот и 45 минути во Бањско поле кај Бор. Кога исчезнала била со мајка и и брат и, и оттогаш и се губи секаква трага. Поради нејзиното исчезнување, за прв пат во Србија е активиран системот „Најди ме“.

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, вчера изјави дека Данка Илиќ е убиена, а двајцата осомничени го признале делото.

ОСТАНАТИ ВЕСТИ