Учениците од четврто одделение при ООУ „Браќа Миладиновци“ денес ја посетија Општината за одблиску да се запознаат со работата на локалната самоуправа и надлежностите на градоначалникот.
Во неговиот кабинет, учениците поставуваа прашања и разговараа за функционирањето на Општината и локалните институции. Посетата беше можност преку непосреден разговор да научат повеќе за тоа како се управува со нивниот град.










