Ужас во Србија: Маж си ја уби сопругата со бормашина

Четврт фемицид во Србија се случил вчера кога новосадец со бормашина си ја убил сопругата.

Три жени во Србија беа убиени за само девет дена, а вчера уште една жена. Тоа е четврти фемицид во Србија од почетокот на годинава. Убиената е Гордана Т.(52), а сопругот и го одзел животот на грозоморен начин – со бормашина.

Убиството било откриено кога Никола Т. се обидел да се самоубие од мостот Темерина во Нови Сад скокајќи во каналот Дунав-Тиса-Дунав. Тој го запрел автомобилот на сред мост. Околу себе врзал синџири и бетонски блок, а по еден час преговори со полицијата, мажот ја прескокнал оградата и скокнал од мостот.

Но, тој не успеал во обидот да си го одземе животот бидејќи полицијата го извлекла од водата.

Целата драма на мостот доведе до грозно откритие дека Никола Т. претходно ја убил сопругата Гордана. Тој го признал убиството додека се заканувал дека ќе се фрли од мостот.

Телото на Гордана е пронајдено во куќа на улицата Дајан Будисављевиќ. Никола ја усмртил нанесувајќи и повреди на главата со бормашина.

Соседите велат дека не знаеле дека ќе се случи злосторство бидејќи само половина час претходно виделе брачен пар како внесува стока и нормално комуницира. Некои од соседите велат дека се скарале, но дека нема пријава за насилство, а други велат дека нивниот брак бил хармоничен.

ОСТАНАТИ ВЕСТИ