ВИДЕО: Маж упаднал во ноќен клуб во Каргуевац со моторна пила!

Маж со моторна пила упаднал во ноќен клуб во Каргуевац, јавија утринава српските медиуми.

На видео снимката која што беше објавена на социјалните мрежи се гледа како човек ја стартува моторната пила, а луѓето се оддалечуваат од него. Обезбедувањето на крајот го совлада.

Од полицијата во Крагуевац се огласија за случајот.

– Уапсен е Н.З.(54) од Крагуевац, поради сомнение дека на 10 април околу полноќ влегол во ресторан во тој град и со моторна пила им се заканил на членови на музички бенд, соопшти полицијата.

Тој е осомничен за сторено кривично дело насилничко однесување.

На осомничениот му е одредена мерка притвор до 48 часа и со кривична пријава е спроведен во Основното јавно обвинителство Крагуевац.

ОСТАНАТИ ВЕСТИ

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *