ВИДЕО Од овие сцени во БИХ се „замрзнува крвта“: Превртени автомобили, куќи срушени до темел

Размерите на катастрофата предизвикана од поплавите во Јабланица и Коњиц се несогледливи, а ден по можеби еден од најтешките денови досега на овие места и нивната околина, тешко е да се опишат сцените од потопените села.

Она што репортерите на „Аваз“ го забележаа, изгледаше како апокалиптични сцени. За да се санира сето ова, ќе бидат потребни и месеци, па дури и години.

Во Доња Јабланица, тешко е да се опишат сцените од селото: автомобили превртени, закопани или уништени; куќите урнати, некои беа преполовени или затрупани од кал и одрони.

ОСТАНАТИ ВЕСТИ