(Видео) Се урна скеле од зграда во центарот на Загреб, постои можност некој да е затрупан, објавија хрватските медиуми

Во Загреб се урна големо скеле на улицата Петрињска. Како што може да се види од снимките, се работи за големо скеле кое паднало на улица и врз автомобили. Тоа е зграда на полицијата.

Како што пренесуваат хрватските медиуми, полицијата кажала дека добила пријава, но засега не ги знаат сите детали.

Како што неофицијално објави хрватски Индекс, можно е едно лице да е затрупано. На терен се и пожарникарите.

ОСТАНАТИ ВЕСТИ