(ВИДЕО) Снимка од моментот кога се урна рингишпил во Куршумлија: Повредени тринаесет деца

Во куршумлиското село Пантиќи, вртелешка со деца се преполови и се сруши, при што се повредени вкупно тринаесет деца кои во тој момент биле на вртелешката.

На социјалните мрежи се појавија вознемирувачки снимки од надзорните камери кои го покажуваат моментот кога вртелешката се преполови и се урна.

На видеото се гледа како вртелешката се врти, а потоа ненадејно се преполови, предизвикувајќи неколку деца да паднат на едната страна, пред структурата целосно да се урне со сите што во тој момент беа на вртелешката.

ОСТАНАТИ ВЕСТИ