(ВИДЕО) Трагедија во Албанија: Се удавија двајца браќа и нивниот татко

Татко и два сина се удавија денеска во Јадранско Море кај албанскиот град Кавај.

Албанските медиуми јавуваат дека Елвис Халилај (50) од Тирана и неговите два сина на возраст од 13 и 15 години се удавиле.

– Поради силните струи во попладневните часови, брановите го одвлекоа едното дете додека таткото и другиот син се обидуваа да стигнат до него, но струјата ги однесе – изјави новинарката на ABC News, Леонида Мусај.

Посетителите на плажата за медиумите изјавија дека брзата помош пристигнала со час и половина задоцнување и дека на местото каде што се случила трагедијата нема крајбрежна стража.

– На плажата Виле-Боштово тројца граѓани членови на исто семејство се удавиле додека пливале во морето. Единицата на поморската полиција се обидела да ги спаси. Истражната екипа е на местото на несреќата и работи на целосно расветлување на околностите на настанот – соопштија од полицијата.

Каваја се наоѓа на запад од Албанија, на неколку километри од брегот на Јадранското Море. Се граничи со Драч на север и Тирана на исток.

ОСТАНАТИ ВЕСТИ