ВИДЕО:Метеорит падна во Бугарија

Силна светлина и силен татнеж забележани вечерва во северозападна Бугарија.

Порталот Новини.бг објави дека најверојатно паднал метеорит, во 21.49 часот.

Жители на местата Видин, Монтана, Берковица и Белоградчик пријавиле дека виделе светлина и силна бучава.

Други очевидци коментирале дека и во Софија се осветлило небото.

„Околу 22 часот се слушна татнеж на територијата на Видинско. На терен веднаш се испратени екипи на МВР на Видин, кои извршиле увид. На лице место нема извештаи за повредени лица, предизвикани пожари, ниту материјална штета“ – соопштија од полицијата.

Романските власти информираат дека се работи за метеорит кој најверојатно експлодирал во воздух.

ОСТАНАТИ ВЕСТИ