(Видео)Ученик пукал во училиште во Босна и Херцеговина, има повредени

Во основното училиште во Лукавац во Босна и Херцеговина утрово имало пукање во кое едно лице се здобило со повреди во пределот на вратот и во моментов е на операција.

Пациентот со иницијали О.Н. е хоспитализиран во УКЦ Тузла со прострелна рана во пределот на вратот, пренесе ТВ Н!.

„Пациентот е интубиран, операцијата во моментов е во тек“, се вели во соопштението од УКЦ Тузла.

Според првичните информации има повредени, но не се ученици, потврди Един Делиќ, градоначалник на Лукавац.

„Ги молам родителите да ја спречат паниката. Насилникот е малолетно дете и веднаш е уапсен. Тежок ден“, изјави Делиќ.

Боснаските медиуми објавија и видео од приведувањето на осомничениот за пукањето во училиштето.

Како што пбјави Klix.ba, станува збор за ученикот Г.М.(2008), кој поради лошо однесување бил префрлен од едно во друго основно училиште. Ученик утринава вооружен дошол во училиште и го побарал Н.О. кому му пукал во глава.

ОСТАНАТИ ВЕСТИ