Во Белград денеска средба на Вучиќ и Лајчак

Специјалниот претставник на Европската Унија за Западен Балкан Мирослав Лајчак денеска ја започнува посетата на Белград, како дел од подготовките за претстојната средба на лидерите на Србија и Косово во Охрид.

Лајчак денеска во 14:30 часот ќе се сретне со претседателот на Србија Александар Вучиќ, по минатонеделниот дводневен престој во Приштина, каде разговараше со премиерот на Косово Албин Курти и други политички актери.

Во фокусот на разговорите ќе биде патоказот за имплементација на Спогодбата за патот кон нормализација на односите меѓу Косово и Србија, за кој Вучиќ и Курти, според шефот на европската дипломатија, Жозеп Борел, ја договориле на 27 февруари. во Брисел.

На 9 март во Приштина Лајчак рече дека имал конструктивен и многу важен разговор со Курти за спроведувањето на Спогодбата и додаде дека средбата ги исполнила неговите очекувања и дека „добро разбира“ кои се очекувањата на Косово.

Словачкиот дипломат по средбата со Курти рече и дека двете страни мора да се договорат за Анексот за имплементација, бидејќи Спогодбата за патот за нормализирање на односите меѓу Косово и Србија нема да биде правно обврзувачки без таквиот анекс.

Минатата недела Вучиќ изјави дека Лајчак ќе остане во Белград до среда и информираше дека „ќе поминат два дена со него во обид да најдат начин за напредок за нормализација на односите“ меѓу двете страни.

Еден ден подоцна, сепак, Курти повторно ја отфрли можноста за формирање Заедница на српски општини (ЗСО), на што инсистира Белград, велејќи дека не се можни ненационални решенија во правниот поредок на Косово, потсетува Бета.

Вучиќ тогаш изјави дека по изјавата на Курти „не му е јасно“ за што треба да разговара со него во Охрид, а претходно со Лајчак во Белград. Тој повтори дека нема да ја признае независноста на Косово, ниту да даде согласност за влез на Косово во ОН.

ОСТАНАТИ ВЕСТИ