Петок, 13 ноември 2026 петок, 13 ноември Струга 21°C Струга 21°C Пријави вест
Струга

Вооружен разбојник во грабеж во голем маркет во Струга

Објавено: · 1 мин читање · Ажурирано:
Вооружен разбојник во грабеж во голем маркет во Струга

Вечерва околу 19:20 часот во маркетот Кипер на патот Струга Дебар (на излез од Струга) вооружен разбојник извршил разбојништво.

Бил вооружен со пиштол, а на лицето црвена марама. Според информации на Телма, ја малтретирал касиерката и и вперил пиштол во глава, но, откако касата не можела да се отвори разбојникот избегал.

Полицијата пристигнала на лице место.