За да се гарантира безбедноста и спокојството на туристите за време на туристичката сезона, на крајбрежјето и други туристички места, ангажирани се над 1.700 полициски службеници, соопшти албанската државна полиција.
„Над 1.700 полициски службеници и припадници на полициската единица за морска пловидба, добро опремени и обучени, од почетокот на овој месец ангажирани се да го следат крајбрежјето и туристичките подрачја во земјава, во рамки на туристичката сезона 2023 година. Главната цел е безбедноста на туристите и граѓаните, како и целосно и без инциденти одвивање на туристичката сезона“, се наведува во соопштението.
Исто така информира дека 24 часа во служба на туристите и граѓаните е бесплатниот телефонски број 112, на кој може да се јават во случај на потреба.
Во Албанија на туристичките места од 15-ти минатиот месец почнаа да функционираат 30 здравствени центри.
Според Министерството за здравство и социјална заштита до денес одредена здравствена услуга добиле околу четири илјади туристи од нив 30 отсто странци.