За српската опозиција договорот од Охрид е предавсто и измама на граѓаните

Според реакциите на српската опозиција на догорот меѓу Србија и Косово во Охрид, тој преставува предавство, доведување во заблуда на граѓаните, отварање на пат кон Голема Албанија, а десно ориентираните и проруски партии најавија протест закажан за 24 март, јави дописникот на МИА од Белград.

-Вучиќ немилосрдно повторува дека не го потпишал договорот. Нашите граѓани мора да знаат дека овој договор не мора ни да се потпише, бидејќи веќе е прифатен како платформа за преговори во кои Вучиќ е наголемо вклучен. Нашата историја не памети ваква измама на граѓаните, изјави поранешниот српски претседател и лидер на СДС, Борис Тадиќ.

„Велосипедот, европското тркало на Србија, ќе се врти само ако се стисне задниот педал, што претставува имплементација на косовскиот договор. Главно поглавје во преговорите со ЕУ сега е 35-то поглавје. Напредокот на Србија на европскиот пат сега е нераскинливо условен од нејзината соработка околу Косово. А сето тоа го испреговара државникот (Александар Вучиќ), напиша претседателот на движењето СРЦЕ и поранешен претседателски канидат“, Здравко Понош.

Во редовите на опозицијата има и такви кои се убедени дека Србија нема алтернатива и дека нејзината европска иднина ја чека само доколку го прифати договорот.

-Она што е клучното прашање за Србија сега е – не дали го прифаќа договорот, договорот е конечен и непроменлив, тоа го знаеме и овој договор е одраз на политичката реалност што ја создадоа лошите политики на претходните 20 и повеќе години и тука ништо нема да се промени. Прашањето за нас е дали прифаќаме да бидеме дел од политичкиот простор што го создадоа ЕУ и САД – оние кои го нудат овој договор или ние тоа го одбиваме, праша Павле Грбовиќ, претседател на Движењето на слободни граѓани (ПСГ).

Лидерот на Народната Партија (НС), Вук Јеремиќ порача дека прифаќањето на европскиот план ја отвора вратата за создавање Голема Албанија и дека – доколку итно не се отфрли – немирите и конфликтите може да бидат иднината што ја чека Србија.

Двери, НАДА и Заветници, кои протестираа пред зградата на РТС, каде го блокираа сообраќајот, со пароли „НЕ на капитулацијата“ повикува на отфрлање на договорот.

-Затоа нашите барања се многу јасни: единствениот начин да се спречи нешто што никој не го сака е оставка на Вучиќ, Александар Вучиќ мора да си замине, да се распишат вонредни избори на сите нивоа, рече Милош Јовановиќ од ДСС од коалицијата НАДА.

„Ова е капитулација, ова е велепредавство и ова е криминален чин. Се што е договорено синоќа не е во согласност со Уставот на Србија. Сега имаме обврска да го спречиме целосното спроведување, односно верификацијата и создавањето на овој договор – меѓународен договор, односно договор кој би ја обврзал Србија, бидејќи последиците би биле, катастрофални и политички и правно. Овој анекс што беше договорен во Охрид е анекс за создавање на голема Албанија“, рече Милица Ѓурѓевиќ Стаменковски од Заветници.

Покрај вонредните избори, дел од опозицијата бара и таканаречен „референдум за опстанок на Србија“, а „државотворната опозиција“ најавува и општа блокада на државата на 24 март.  (МИА)

ОСТАНАТИ ВЕСТИ