Понеделник, 16 ноември 2026 понеделник, 16 ноември Струга 14°C Струга 14°C Пријави вест
Балкан

Земјотрес со јачина од 4,5 степени го погоди грчкиот остров Евија

Објавено: · 1 мин читање
Земјотрес со јачина од 4,5 степени го погоди грчкиот остров Евија

Земјотрес со јачина од 4,5 степени беше регистриран претпладнево на грчкиот остров Евија според официјалните податоци од Геодинамичкиот институт на Националната опсерваторија, јави дописничката на МИА од Атина.

Засега нема информации за повредени или материјална штета, а земјотресот во југоисточниот дел на Евија беше почувствуван и во Атина.