Недела, 15 ноември 2026 недела, 15 ноември Струга 14°C Струга 14°C Пријави вест
Балкан

Земјотрес со јачина од 4,9 степени ја погоди Грција

Објавено: · 1 мин читање
Земјотрес со јачина од 4,9 степени ја погоди Грција

Вечерва, земјотрес е регистриран во Грција, со јачина од 4,9 степени според Рихтеровата скала.

Според податоците од сеизмолошките станици, длабочината на земјотресот изнесува 7 километри.

Епицентарот на потресот бил лоциран во близина на Патра, во западниот дел на земјата. Засега нема информации за нанесени штети или повредени лица.