Сабота, 14 ноември 2026 сабота, 14 ноември Струга 15°C Струга 15°C Пријави вест
Спорт

Злато за Орхан Зенделоски, три медали за КК „Ерол“ на „Трофеј на Македонија“

Објавено: · 1 мин читање
Злато за Орхан Зенделоски, три медали за КК „Ерол“ на „Трофеј на Македонија“

Каратистите на клубот „Ерол“ од Лабуништа освоија златен, сребрен и бронзен медал на државниот турнир „Трофеј на Македонија 2026“, кој денеска, 14 ноември, се одржува во Скопје.


Според објавените информации од клубот, Орхан Зенделоски го освои првото место и златниот медал, Алдин Бајрамоски се закити со сребро, додека Анел Зенделоски освои бронзен медал.


Со трите освоени одличја, натпреварувачите на „Ерол“ остварија успешен настап и го претставија Лабуништа на државната карате сцена.