ЗП Лабуништа: Усвоена Програмата за 2025 година

ИО и Собранието на ЗП Лабуништа ги одржа првите редовни седници за оваа година, на кои се донесоа значајни одлуки. Седницата ја раководеше претседателот на здружението и на ИО Лутвија Салоски.

По усвојувањето на дневниот ред од осум точки, претседателот поднесе информација за сработеното во текот на изминатата 2024 година. Најпрво беше разгледан Извештајот на планираните приходи и расходи за периодот од 1.01.2024 до 31.12.2024 година. По плодната дискусија на присутните членови се констатира дека посветено и домаќински се работело. Приходите и расходите се реализирани во рамките на планираното според предвидениот финасиски план и со солидна добивка.

Собранието на седницата го донесе финасискиот план за 2025 година. Претседателот на Собранието Лутвија Салоски, рече дека 2025 година, приходите и расходите мора да бидат изедначени. Средствата ќе бидат наменети за основните потреби на здружението, на тековното работење, за учество на ревиите, спортските натпревари, за еднодневни и повеќе дневни екскурзии и традиционалното петдневно летување на море, за хуманитарна помош на стари и изнемоштени пензионери, за соработка со здруженијата, СЗПМ и друго. Со програмата за 2025 година се предвидува и подобрување на стандардот на пензионерите.

Една од позначајните точки од дневниот ред привлече извештајот за одржаната 22 -та ревија на песни и игри на која прв пат ЗП Лабуништа беше домаќин, и со успех ја организира, за која доби пофални зборови од сите претседатели на Здруженијата учесници и претставниците на Сојузот.

Донесувањето на овие одлуки прво поминаа низ сите соодветни органи и тела како и пред Надзорната комисија и беа едногласно усвоени.

СТОЈАН КУКУНЕШОСКИ

ОСТАНАТИ ВЕСТИ