22 годишен Македонец за една ноќ украл четири автомобили во Хрватска, па со дел од нив направил сообраќајна несреќа

Четири автомобили биле украдени во една иста вечер на хрватскиот остров Брач, а главниот актер бил 22-годишен државјанин на Македонија, кој по завршување на кривичната истрага бил уапсен и притворен, информираат хрватските медиуми.

Сплитско-далматинската полиција соопшти дека против 22-годишникот ќе спроведе истрага во Полициската станица Брач.

Тој е осомничен дека ноќта на 7 јануари украл четири возила, со кои потоа направил сообраќајни незгоди и оштетил едно возило.

Вкупната материјална штета се проценува на неколку илјади евра, јави Индекс.

Тој во неделата со кривична пријава за неовластено користење и оштетување туѓ движен имот е предаден на надзорникот на притвор.

ОСТАНАТИ ВЕСТИ

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *