Анонимен Пакистанец донирал 30 милиони долари за настраданите од земјотресот во Турција

Анонимен маж со пакистанско потекло вчера влегол во турската амбасада во САД каде донирал 30 милиони долари за настраданите од земјотресот во Турција и Сирија, јавува Си-ен-ен.

Оваа вест на Твитер ја пренесе пакистанскиот премиер Шехбаз Шариф.

„Длабоко трогнат од примерот на анонимен Пакистанец кој влезе во турската амбасада во САД и донираше 30 милиони долари за жртвите од земјотресот во Турција и Сирија“, напиша пакистанскиот премиер на Твитер.

„Ова се толку величествени дела на филантропија кои му овозможуваат на човештвото да триумфира над навидум непремостливите изгледи“, додаде Шариф.

ОСТАНАТИ ВЕСТИ

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *