Асад поддржува изградба на нови руски воени бази во Сирија

Дамаск би го поздравил секој предлог на Русија за формирање нови воени бази или зголемување на бројот на војници во Сирија, изјави сирискиот претседател Башар ал Асад.

– Цениме дека ако Русија има желба да ги прошири базите или да го зголеми нивниот број, тогаш тоа е прашање од техничка или логистичка природа. Ако постои таква желба, тогаш мислиме дека проширувањето на руското присуство во Сирија е добро, тоа ќе и служи на оваа идеја“, рече тој во денешното интервју за РИА Новости, пренесуваат руските медиуми.

Асад во Москва за време на разговорите со рускиот претседател Владимир Путин рече дека руското воено присуство во неговата земја не мора да биде привремено и ограничено само на борбата против тероризмот.

Сирискиот претседател Башар ал Асад му понуди поддршка на рускиот претседател Владимир Путин во украинскиот конфликт за време на вчерашната посета на Москва. Средбата меѓу двајцата лидери во Москва се случи кога илјадници Сиријци демонстрираа во северозападниот дел на земјата, контролирана од бунтовниците, по повод 12 години од почетокот на продемократските протести во 2011 година, кои режимот на Асад брутално ги уништи со руска помош.

На средбата со Путин во Кремљ, која беше пренесувана во живо на телевизија, Асад рече дека Русија се бори против неонацистите и „старите нацисти“ во Украина, според рускиот превод.

Без да понуди докази, Асад рече дека Западот ги примил „старите нацисти“ и дека сега ги поддржува. Киев и Западот велат дека руските обвинувања дека Украина станала жариште на нацизмот се неоснован изговор за неиспровоцирана агресивна војна во Украина.

ОСТАНАТИ ВЕСТИ

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *