Асфалтирање на главната улица во населбата “Езерски Лозја“

“Исполнуваме уште едно ветување на општина Струга за реконструкција и асфалтирање на главната влезна улица на населбата Езерски Лозја.

Тоа најмногу се должи заради туристичката сезона, бидејќи како таква населба се споменува и се посетува од многу гости и туристи и токму во оваа насока ја прилагодуваме инфраструктурата што е можно повеќе, изградена и амортизирана веќе 40-50 години, додека работите ќе продолжат да се извршуваат и кај другите улички овде… Не завршивме со тоа, ќе продолжиме со други работи, во интерес на развој и подобра комуникација на граѓаните“ – потенцираше градоначалникот Рамис Мерко при увидот на работите на терен во ова населба.

Мора да нагласиме дека сите сме сведоци на асфалтирањето на патот покрај езерото, веќе тоа е функционален проект, со коловози за автомобили и пешачки патеки. Во тој дел е уреден и зеленилото.

ОСТАНАТИ ВЕСТИ