Струга

Струшките плажи без спасители на вода, нема интерес

 Само две капалишта на струшкото крајбрежје имаат спасители на отворени води, интерес кај концесионерите речиси и да нема, информира секретарот на Струшкиот Црвен крст Адуриме Даути. Обуката за спасители на отворени води што Црвен крст Струга ја реализира секоја година, годинава ја следеле деветмина, кои се стекнале со соодветен сертификат. Но, посочи Даути, во моментот […]

Охрид

Од денеска се пушта во употреба за редовен сообраќај делницата

СВР Охрид ги информира граѓаните дека денеска од 11 часот, пред истекот на дадениот рок, за редовен сообраќај ќе биде пуштена во употреба делницата од магистралниот пат Охрид-Кичево, на потегот сообраќајна клучка „Петља“ до Подмоље која, поради градежни работи, од минатиот месец, беше затворена за сообраќај. Со тоа престанува да важи задолжителниот времен режим за […]

Свет

Се тресеше во Италија: За еден час неколку земјотреси ја

Еден посилен и неколку послаби земјотреси утрово ја погодија Италија. Земјотресите се регистрирани во близина на градот Месина на Сицилија. Првиот земјотрес со јачина од четири степени според Рихтеровата скала е регистриран во 6 часот и 7 минути. Во наредниот час се регистрирани неколку послаби, со јачина од околу два степени според Рихтеровата скала.

Свет

(Видео) Воз се заглави во забавен парк во САД, луѓето

Една од играчките возови во забавниот парк во Висконсин се заглавила и останала да виси во воздух. Осум патници останале заглавени во возот и виселе наопаку повеќе од три часа, соопшти пожарникарската служба Крандон. „Имаше механички дефект за време на возењето и возот се заглави во исправена положба“, изјави капетанот на противпожарната служба Бренан Кук. […]

Спорт

Кои се најскапите фудбалери од регионот?

И покрај тоа што големите натпреварувања се на пауза, фудбалот и понатаму е во центарот на вниманието поради преодниот рок. Од јуни до септември европскиот фудбал ги напушта терените и се „развива“ во канцелариите на клубовите. Во овој период претстои трансфер рокот и секој клуб тргнува да го реализира својот спортски проект. Неколку фудбалери од […]

Магазин

(Видео) Видео кое ќе им го разубави денот на љубителите

„Соработката“ меѓу китот и капетанот била забележана со камера, а видеото им го разубавило денот на многу љубители на животни. Капетан на бродот, Пако Хименез Франко, имал 20-тодишно искуство во дружење со китови во мексиканската лагуна, Ојо де Либре. Сега осамнало видео кое сведочело дека китовите навистина го гледаат како пријател. Всушност, еден кит му […]

Македонија

Запленети 90 илјади евра на аеродромот во Скопје

Царинските службеници од царинската подружница „Аеродром“ спречија обид за нелегално изнесување девизи и запленија 90.000 евра по извршена контрола на патникот Х.А., кој патувал на релација Скопје-Цирих. Патникот, инаку странски државјанин, на Меѓународниот аеродром „Скопје“ се пријавил со само еден сив куфер по што се упатил на излез од Република Северна Македонија и не пријавил […]

Охрид

Во Охрид Отворен ден со Армијата и Планинската спасителна служба

Воздухопловниот винг на Армијата под Командата за операции и Планинската спасителна служба од Охрид утре во кругот на Центарот за обука на вода кај Студенчишта ќе одржат презентација на дел од воздухопловите, армиската опрема и опремата за спасување на планина и тешко пристапни терени. Отворениот ден се организира со цел промоција на хуманата мисија на […]

Македонија

Од полноќ нови цени на дел од нафтените деривати

Од полноќ за еден денар поевтинува дизелот, а цените на останатите нафтени деривати остануваат исти, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика. Согласно новата одлука, дизелот ќе се продава по цена од 70 денари за литар, Еуросупер БС-95 по цена од 80 денари за литар, а Еуросупер БС-98 по цена од 82 денари за литар. Цената […]

Македонија

ДРАМА ВО СКОПЈЕ: Се породила, па фрлила од прозорец –

Родилка од Скопје, откако родила здраво машко бебе, синоќа се фрлила од прозорец на првиот кат на ЈЗУ Клиниката за гинекологија и акушерство во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во главниот град, соопшти ГАК. За среќа, 39-годишната пациентка го преживеала падот и итно била пренесена на КАРИЛ во придружба на дежурната екипа. „Пациентка на 39-годишна возраст […]