Вести

„Исламска држава“ киднапираше 40 луѓе и уби 15 во централна

Припадници на терористичката Исламска држава киднапирале околу 40 луѓе во централната сириска провинција Хама и убиле најмалку 15, соопшти Сириската опсерваторија за човекови права со седиште во Лондон. „Исламска држава“, која беше поразена во Сирија во 2019 година, сè уште има свои „спијачи“ кои убиваат во Сирија и Ирак – територии што некогаш ги сметаше […]

Свет

Почна сезоната на пожари во Европа, во Шпанија огнот зафати

Првиот голем шумски пожар во Европа годинава е забележан во Шпанија, каде пожарот во провинцијата Кастелон зафати повеќе од 4.000 хектари шума. Според шпанските медиуми, пожарот се шири во периметар од 40 километри на широк простор кој се протега сè до провинцијата Теруел. Поради ширењето на пожарот, властите беа принудени да евакуираат 1.500 граѓани. „Околу […]

Свет

Гутереш: Опстанокот на човештвото зависи од управувањето со водните ресурси

Опстанокот на човештвото зависи од тоа како луѓето управуваат со водата, изјави синоќа генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, на крајот од тридневната конференција за светските водни ресурси. – Сите надежи на човештвото за иднината некако зависат од трасирање на нов пат кон одржливо управување и зачувување на водите, рече Гутереш во својот завршен збор. […]

Вести

Макрон: Договорот Србија-Косово е важен напредок и треба веднаш да

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска изјави дека договорот меѓу Србија и Косово е „важен напредок“ и дека сега е од суштинско значење двете страни да покажат одговорност и „веднаш и со добра волја да почнат да ги спроведуваат сите обврски“ наведени во него. На крајот од сесијата на лидерите на ЕУ, на која високиот европски […]

Вести

Советот на Европа изрази загриженост поради употребата на сила на

Комесарката за човекови права на Советот на Европа, Дуња Мијатовиќ, денеска изрази загриженост поради „прекумерната употреба на сила“ против демонстрантите во Франција кои протестираат против пензиските реформи и ги повика властите да го почитуваат правото на протест. „Се случија насилни инциденти, од кои некои беа насочени кон припадниците на безбедносните сили“, се вели во соопштението […]

Балкан

Абазовиќ: Предвремени избори што поскоро, но согласно правниот поредок

Премиерот на Црна Гора, во технички мандат, Дритан Абазовиќ изјави дека се согласува со ставовите дека предвремените избори треба да се одржат што е можно поскоро, но смета дека тоа треба да се случи низ „правна процедура“ и дека „правилен начин“ е да се скрати мандатот на Парламентот на Црна Гора. Абазовиќ во интервју за […]

Вести

Осудениот херој од филмот „Хотел Руанда“ ќе биде пуштен на

Пол Русабагина, херојот од  холивудскиот филм „Хотел Руанда“, кој отслужува 25-годишна затворска казна во Руанда под обвинение за тероризам, во сабота ќе биде ослободен, јави денеска владин извор, пренесува Хина. Русебагина во септември 2021 година беше осуден на драконската казна заради негови наводни врски со организација која се спротивставува на владеењето на претседателот Пол Кагаме. Тој […]

Вести

Сунак и Нетанјаху разговараа за судските реформи во Израел

Британскиот премиер Риши Сунак денеска на средба со неговиот израелски колега Бенјамин Нетанјаху го покрена прашањето за судските реформи во Израел, соопшти канцеларијата на Сунак. – Премиерот Сунак ја истакна важноста на демократските вредности кои се основата на нашите односи, вклучително и предложените судски реформи во Израел, се вели во соопштението. Нетанјаху претходно беше пречекан […]

Вести

Банкарскиот сектор на ЕУ е отпорен, има голем капитал и

Банкарскиот сектор на ЕУ е отпорен затоа што има голем капитал и силна ликвидност, се вели во изјавата на лидерите на ЕУ усвоени на крајот од самитот во Брисел. – Унијата значително ја зајакна отпорноста на банкарскиот систем на ЕУ. Нашиот банкарски сектор располага со силен капитал и позиции на ликвидност, изјавија европските лидери. (МИА)

Свет

Инфлацијата на цените на производството во Финска е најниска за

Инфлацијата на цените на производството во Финска дополнително се намали во февруари на најниско ниво во речиси две години, покажаа податоците на финскиот завод за статистика објавени денеска. Индексот на цените на производителите се искачи за 9,2 проценти на годишно ниво во февруари, побавно од порастот од 10,7 отсто во претходниот месец. Понатаму, последната инфлација […]