Папата Франциск денеска порача дека идните генерации не смеат да бидат оптоварени со трошоците на денешните пензиски системи и ги охрабри креаторите на политиките да негуваат „култура на заедничко добро, социјална сигурност и одржливост“. Потсетувајќи на библиски примери на лошата и добрата промисла, папата Франциск ја истакна потребата од „мудри политичари“, кои не трошат ресурси […]
Францускиот претседател Емануел Макрон денеска изјави дека Франција мора да ја подобри достапноста на палијативната нега и најави дека нацрт-законот за евтаназија треба да биде завршен до крајот на летото. Макрон рече дека предлог-законот ќе се надоврзе на работата на групата од 184 случајно избрани француски граѓани кои расправаат за ова прашање од минатиот декември. […]
Кабинетот на претседателот на Финска, Саули Ниинисто, лиферуваше соопштение во кое потврди дека Финска во и официјално ќе стане членка на НАТО алијансата, а во меѓувреме стасаа и првите реакции од Русија. Заменик министерот за надворешни работи на Русија Александар Грушко најави дека земјата ќе го зајакне својот воен потенцијал како одговор на членството на […]
Повеќе луѓе се соочуваат со опасностите од мини и неексплодирани убојни средства денес отколку пред две години, објави денеска Меѓународниот комитет на Црвениот крст (МКЦК). На алармантниот тренд укажа Ерик Толефсен, раководител на Единицата за справување со контаминација со оружје при МКЦК, по повод Меѓународниот ден за подигање на свеста и помош при деминирање, кој […]
Оптимизам за туризмот во Грција, како за оваа, така и за следните години, изразил грчкиот премиер Кријакос Мицотакис за време на работниот состанок со извршниот комитет на Грчката конфедерација за туризам (СЕТЕ) по повод почетокот на туристичката сезона, јави дописничката на МИА од Атина. -Верувам дека веќе ја постигнавме нашата централна цел, која е проширување […]
Финска утре и официјално ќе стане членка на НАТО, соопшти кабинетот на финскиот претседател. Оваа вест ја потврди генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг. Турскиот парламент пред неколку дена ја ратификуваше клаузулата со која ѝ се дозволува на Финска да се приклучи на западната воена алијанса, отворајќи го патот за влез на Хелсинки во НАТО […]
Александар Вучиќ, претседателот на Србија од Верона, ги отфрли обвинувањата дека „победил“ на претседателските избори во Црна Гора, нагласувајќи дека победата била само за кандидатот Јаков Милатовиќ. Вучиќ рече дека ако опозиционерите во Србија очекуваат истото да се случи многу грешат, бидејќи тоа го прават од патолошка омраза. „Вучиќ не победи во Црна Гора, не […]
Животната сопатничка на новиот претседател на Црна Гора негува едноставен и класичен стил којшто има нота на елеганција. Јаков Милатовиќ, новиот претседател на Црна Гора, дознавме синоќа по вториот круг на претседателските избори. Младиот политичар којшто на себе го навлече целото внимание од регионот, победата ја прославил во својот штаб со соработниците и сопругата Милена […]
ЦИА ја користела приватната шпанска безбедносна компанија „УЦ Глобал“ за тајно да инсталира микрофони внатре во еквадорската амбасада во Лондон со цел да го прислушува основачот на Викиликс Џулијан Асанж, известува „Pais“. „УЦ Глобал“ бил ангажиран во рамките на обезбедување на амбасадата. Асанж, на кого Еквадор му даде азил, престојуваше во дипломатскиот комплекс од 2012-та […]
Измешани чувства, но не и страв, преовладуваат кај дел од патниците кои утрово, од Атина за Солун тргнаа со патничкиот воз, прв по пауза од 34 дена по железничката несреќа кај месноста Темпи во која животот го загубија 57 лица. На железничката станица во Атина, околу 80 патници чекаа да се качат во возот. Меѓу […]