Романија планира да купи американски борбени авиони Ф-35

Романскиот Врховен совет за одбрана денеска соопшти дека Букурешт планира да купи американски борбени авиони Ф-35. Но, не е прецизира колку авиони ќе бидат купени, ниту кога ќе бидат набавени.

– Поседувањето на робусни, кредибилни, интероперабилни, флексибилни и ефективни оперативни способности за воздушна одбрана, во рамките на нашите обврски како земја-членка на НАТО и на ЕУ, е клучно за постигнување на целите на одбранбената политика на Романија. Процесот на модернизација на воздухопловните сили ќе продолжи преку набавка на авиони Ф-35, соопшти Врховниот совет за одбрана.

Минатата година романскиот претседател Клаус Јоханис изјави дека земјата размислува да го купи авионот Ф-35, кој го произведува американскиот производител на оружје „Локхид Мартин“, а минатиот месец беше најавено дека ќе ги купи и тенковите Абрамс произведени од „Џенерал Динамикс“.

ОСТАНАТИ ВЕСТИ

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *