Палестински напаѓач уби двајца еврејски доселеници во нивниот автомобил денеска на окупираниот Западен Брег, соопштија израелските власти. Засега никој не ја презеде одговорноста за нападот, што се случи кога израелските и палестинските безбедносни претставници се состанаа во Јордан за да разговараат за намалување на тензиите. Лекари соопштија дека жртвите на нападот, што се случи во […]
Државната изборна комисија на Црна Гора на денешната седница ја потврди претседателската кандидатура на лидерот на Демократската партија на социјалистите (ДПС) и актуелен претседател Мило Ѓукановиќ. Утврдено е дека доставената документација е точна и била утврдена важност на 8.465 потписи. Претставниците на ДПС вчера до ДИК ја доставија кандидатурата на Ѓукановиќ за претседателските избори во […]
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска изјави дека утре во Брисел очекува тешка средба во рамки на дијалогот Белград-Приштина, но државата е посветена на мирот и стабилноста во регионот и дека во тој контекст е подготвен да се работи на концептот и спроведувањето на предложениот план со јасни одредени ограничувања. Тој ова го нагласил на […]
Италијанската крајбрежна стража и пожарникарите пронајдоа повеќе од 40 тела откако брод со мигранти потона во близина на италијанскиот источен брег, во регионот Калабрија, пренесе агенцијата АП. Државната телевизија РАИ јави дека до утрово се извлечени 43 тела, а спасени се 80 лица. Италијанската новинска агенција АГИ објави дека меѓу телата има и бебе старо […]
Во голема операција на салвадорските затворски власти беа преместени две илјади затвореници. Убијци, дилери, крадци, со избричени глави и боси нозе тргнаа со автобуси до целта. Целата рута по која патувале била постојано следена од воздух со полициски хеликоптер. Последна станица – Теколука. Огромен новоизграден затворски комплекс од највисоко ниво на безбедност, наменет за 40 […]
На Државното првенство во бразилско џиу џицу (БЏЏ) одржа на 25 февруари, односно во раните утрински часови денес по наше време во градот Ралеиг, САД, стружанецот Сотир Настоски, кој е истакнат карате мајстор, но и инструктор по други боречки вештини, го освои второто место во дисциплината но-ги (без кимоно). Настоски, кој настапува за Бразилскиот топ […]
Најмалку еден човек загина, а неколку се повредени во тешка сообраќајна несреќа што се случи доцна синоќа на автопат во Хрватска. Според информациите од хрватските медиуми, несреќата се случила кај клучката Бриње, кога се превртел автобусот со албански регистарски ознаки. Полицијата соопшти дека 58-годишниот возач, албански државјанин, од засега непозната причина свртел десно, удрил во […]
Демонстрации против снабдувањето на Украина со оружје за војна со Русија се одржаа денеска во Берин со над 10.000 луѓе, што наиде на критики од највисоките претставници на германската влада и големото полициско присуство. Организиран од истакната левичарка германска политичарка, протестот доаѓа еден ден по една година од руската инвазија врз Украина. „Го повикуваме германскиот […]
Најмалку 184 лица, главно градежни изведувачи, се приведени во Турција во врска со урнатите згради по разорните земјотреси во јужниот дел на земјата, изјави денеска министерот за правда Бекир Боздаг. Приведен е и градоначалникот на областа Нурдаг во провинцијата Газиантеп, јави Анадолија. Градоначалникот Океш Кавак е од владејачката партија на претседателот Реџеп Тајип Ердоган. Владата […]
Земјотрес со интензитет од 6,1 степени го погоди денеска северниот дел на Јапонија. Епицентарот на земјотресот бил регистриран на северниот јапонски остров Хокаидо. Длабочината на земјотресот е 6 километри. Во моментов нема извештаи за жртви или материјална штета. Не е издадено предупредување за цунами.