На Куба се одржаа уште едни парламентарни избори без кандидати на опозицијата

Карипската островска држава Куба вчера одржа парламентарни избори без ниту еден кандидат на опозицијата, што е вообичаено во земјата од комунистичката револуција во 1959 година.

Вкупно 470 кандидати се натпреваруваа за исто толку пратенички места за следниот петгодишен мандат. Сите тие беа однапред одобрени од државните комисии.

Од револуцијата во 1959 година, дозволено е да се кандидираат само кандидати од Комунистичката партија.

Единствената неизвесност беше колку од околу осум милиони избирачи ќе гласаат. Излезноста на гласачите традиционално е висока во Куба од 1959 година, но опадна на последните избори.

Неистомислениците го повикаа населението да го бојкотира, како што велат, лажното гласање. Владата, од друга страна, тврди дека еднопартискиот систем промовира единство.

Првите резултати се очекуваат денеска.

ОСТАНАТИ ВЕСТИ

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *