Рускиот претседател Владимир Путин во последен момент одлучи да замине во Мариупол, украинскиот град уништен со бомбардирање, соопшти денеска Кремљ, додека украинските власти ја осудија посетата на рускиот лидер кого го нарекоа „меѓународен злосторник“. „Сето тоа беше многу спонтано“, рече портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. Тој додаде дека не била планирана ниту обиколка на градот, […]
Шефот на австриската дипломатија Александар Шаленберг рече дека од Охрид пристигнале добри вести и оти е направен уште еден чекор на патот кон нормализирање на односите меѓу Србија и Косово. „Добри вести пристигнаа од Охрид во доцните часови. Косово и Србија направија уште еден чекор на патот кон нормализација на односите. Ова е клучно кога […]
Српскиот претседател Александар Вучиќ во обраќањето до јавноста во Белград објасни зошто вчера во Охрид не го потпишал Договорот и Анексот на имплементација за нормализација на односите со Приштина, порачувајќи дека Србија е подготвена да работи на негова иплементација до своите црвени линии, јави дописникот на МИА од Белград. Тој го прочита имплементацискиот анекс на […]
Најмалку 19 лица загинаа денеска, а 12 се тешко повредени во сообраќајна несреќа во Бангладеш, соопшти локалната полиција. Се претпоставува дека возачот изгубил контрола над возилото по што автобусот излетал низ заштитната ограда на неодамна изградениот автопат и паднал девет метри надолу во каналот. „Несреќата се случила во Шибчар, на југот на земјата, а сите […]
Албанскиот премиер Еди Рама во врска со усогласувањето на Анекс договорот за нормализација на меѓусебните односи на Србија и Косово во Охрид, со посредство на ЕУ, изрази надеж дека нема да биде „уште една балканска измама“. „Да се надеваме дека ѓаволот не е во деталите и дека договорениот, но непотпишан договор, не е уште една […]
Северна Кореја денеска истрела балистичка ракета, јави новинската агенција Јонхап, повикувајќи се на извори од јужнокорејската војска. „Северна Кореја лансираше балистичка ракета кон Источното Море“, соопшти војската во Сеул, користејќи го корејското име за Јапонско Море. Сеул од понеделникот спроведува воени вежби со Вашингтон. Маневрите на „Штитот на слободата“ треба да ја зајакнат соработката меѓу […]
Граѓаните на Црна Гора денеска избираат претседател на државата меѓу седуммина кандидати. Избирачките места се отворени од 7 до 20 часот, а право на глас имаат 542.154 граѓани. На изборите учествуваат кандидатите на Демократската партија на социјалистите (ДПС) Мило Ѓукановиќ, Демократскиот фронт (ДФ) Андрија Мандиќ, демократот Алекса Бечиќ, од Движењето Европа сега (ПЕС) Јаков Милатовиќ, […]
Најмалку 12 лица загинаа во земјотресот во Еквадор, соопштија официјални лица. Американскиот сеизмолошки институт УСГС соопшти дека земјотресот бил со јачина од 6,8 степени. „Во овој момент имаме 12 мртви“ и едно лице повредено, објави на Твитер претседателството на Еквадор, наведувајќи дека земјотресот предизвикал и материјална штета. Земјотресот се случи во саботата во 12.12 часот […]
Низ грмушките, над насипот, целиот каллив, изгребан и исцрпен, човекот кој беше единствениот кој успеа да исплива од Дунав кога се преврте чамецот, во кој имаше уште тројца мажи, некако стигнал до брегот и се упатил кон првите куќи во Крњача каде побарале помош, дознава Младен Мијатовиќ, новинар на ТВ Пинк. Мештаните веднаш повикале полиција, […]
Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска во 11 часот ќе и се обрати на јавноста со цел да го покаже и објасни планот за имплементација, јави дописникот на МИА од Белград. Вучиќ синоќа по повеќе од 13 часа разговори изјави дека во Охрид е постигнат некаков договор, дека се договорени неколку точки кои ќе станат дел […]