Свет

Во САД температурите се спуштаат и до минус 45

Поради зимската бура што зафати одредени области на САД, во некои делови од државата температурите би можеле да паднат и до минус 45 степени, јавија американските медиуми. Како резултат на снежното невреме беа затворени бизниси и училишта во Дакота, Минесота и Висконсин, а откажани се речиси пет илјади летови. Налетите на ветрот би можеле да […]

Свет

Кличко нејасен дали ќе го предизвика Зеленски на изборите следната

Виталиј Кличко, градоначалник на Киев и поранешен светски шампион во бокс во тешка категорија, не сакаше конкретно да каже дали ќе го предизвика украинскиот претседател Володимир Зеленски на претседателските избори следната година. – Кога земјата е во војна, кога голем дел од земјата е окупиран, кога десет милиони луѓе се надвор од земјата, политичкиот натпревар […]

Свет

Генералната директорка на УНЕСКО бара построга регулација на социјалните мрежи

Генералната директорка на УНЕСКО, Одри Азуле денеска повика на глобален дијалог за да се најде начин да се регулираат активностите на компаниите кои поседуваат социјални мрежи и да се ограничи нивната улога во ширењето дезинформации. Азуле зборуваше на меѓународен собир на парламентарци, новинари и активисти на граѓанското општество за регулирање на социјалните мрежи како што […]

Свет

Кулеба за кинескиот мировен план: Ѓаволот е во деталите

Украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба денеска изјави дека знае за клучните елементи на кинескиот мировен план, но оти ќе треба да го види целиот документ пред да формира мислење. – Не знам дали има такво нешто во Кина, но во Европа, ја имаме изреката дека ѓаволот се крие во деталите, рече Кулеба во […]

Свет

Киев: Русија ги засилува трупите на неколку позиции на фронтот

Непосредно пред годишнината од руската инвазија врз Украина која ќе се одбележи в петок, Киев соопшти дека руската армија ги зајакнува своите различни позиции на фронтот. Генералштабот на украинските вооружени сили соопшти дека тоа сугерира дека се неизбежни нови напади. Руските сили ги фокусираа своите главни напори за засилување „на офанзивните операции во правците на […]

Свет

Три турски телевизиски мрежи казнети за критики кон властите по

Турскиот Висок совет за аудиовизуелна комуникација казни три телевизиски мрежи кои ја критикуваа владата за управување со последиците од земјотресот, што на 6 февруари го погоди јужниот дел на земјата. На телевизиите „Халк ТВ“, „Теле 1“ и „Фокс“ им се изречени и парични казни и привремена забрана за емитување поради „информации и коментари за земјотресот“, […]

Свет

Заврши самитот на „Б9“ во Варшава со декларација за засилување

Самитот на „Букурешкиот формат- Б9“ во Варшава заврши вечерва со декларација која го осудува рускиот напад и војната во Украина, со ветување дека ќе и помогне на Украина онолку долго колку што и е потребно, со обврска за дополнително зајакнување на способноста на НАТО да ги одврати и колективно да ги брани источното крило, но […]

Свет

Нинисто: Финска е подготвена да пристапи кон НАТО и без

Доколку ја добие последната преостаната ратификација за својата кандидатура за НАТО, Финска е подготвена да се приклучи кон Алијансата без оглед на тоа каков напредок ќе постигне Шведска во процесот на пристапување, изјави денеска финскиот претседател Саули Нинисто. Финскиот парламент го иницираше процесот за ратификација на приемот на оваа нордиска земја во НАТО, без разлика […]

Свет

За Нобеловата награда за мир 305 номинирани

Вкупно 305 кандидати се номинирани за овогодинешната Нобелова награда за мир, што е најмал број во последните четири години. Од номинациите што требаше да се поднесат пред крајниот рок 1 февруари, 212 се поединци, а 93 се организации, соопшти Норвешкиот Нобелов комитет во Осло, јави ДПА. Минатата година за престижната награда беа номинирани 343 поединци […]

Свет

„Б9“: Не можеме да дозволиме Русија да откинува парче по

Самитот на „Букурешткиот формат –Б9“ во Варшава денеска почна со апел за дополнително зајакнување на источното крило на НАТО и за помош на Украина со сè што и е потребно, за Русија да не може да откинува дел по дел од европската безбедност, како што беше до сега. -Се приближуваме до годишнината од агресијата на […]