Огромна топка е пронајдена на брегот на Јапонија, која го збуни населението и предизвика низа акции на властите. Засега се уште не се знае за што точно се работи, одговор на тоа прашање немаат ниту полицијата, ниту специјалистичката екипа за експлозивни направи, кои веднаш биле испратени на местото на настанот. Она што е познато е […]
Авион на Министерството за одбрана на Русија се урна во западниот регион Белгород, соопштија денеска локалните власти. „Авионот на Министерството за одбрана се урна во областа Валујски. Сега на самото место работи истражен тим и вработени во Министерството за вонредни состојби“, објави на Телеграм гувернерот Вјачеслав Гладков. Гладков нагласи дека ситуацијата е под контрола, а […]
Годишната инфлација во еврозоната падна на 8,6 отсто во јануари од 9,2 отсто во декември. Во јануари минатата година годишната инфлација изнесуваше 5,1 отсто. Истовремено, годишната инфлација во Европската Унија изнесуваше 10 отсто, што е мало забавување од декемвриските 10,4 отсто, објави статистичка агенција на ЕУ, Евростат. Најниска инфлација во јануари има Луксембург со 5,8 […]
Шпанскиот премиер Педро Санчез денеска пристигна во Киев за да ја изрази својата поддршка за Украина, ден пред првата годишнина од почетокот на руската инвазија на Украина. „Се вратив во Киев, една година по почетокот на војната. Ќе бидеме со Украина и нејзиниот народ додека мирот не се врати во Европа“, напиша тој во пораката […]
Смртта на Олех Мудрак, командантот на првиот баталјон на украинската единица „Азов“, на својот Инстаграм ја потврди неговиот братучед Данило. Мудрак помина шест месеци во руско заробеништво и преживеа експлозија во логорот Оленивка. Тој беше ослободен од руско заробеништво во септември минатата година. Неговиот роднина, сепак, не ја откри причината за смртта, пишува „Украинска правда“. […]
Кинеските здравствени власти денеска објавија дека епидемијата на коронавирус во земјата е „главно“ завршена, но не целосно, бидејќи од 8 јануари се откриени седум увезени случаи на високо преносливата варијанта XBB.1.5. Официјални лица денеска рекоа дека „големата решавачка победа“ на Кина над Ковид-19 постави пример за големите нации во превенцијата и контролата. Кинеските лидери прогласија […]
Деведесет отсто од украинските бегалци кои пристигнале во Белгија останале во земјата, според бројките цитирани во локалните медиуми една година по почетокот на војната во Украина. Забележано е дека 63 илјади Украинци се засолнети во Белгија, а дневно пристигнуваат меѓу 50 и 100 нивни сонародници. Украинците добиваат од белгиските социјални служби околу 1.000 евра месечно […]
Силен земјотрес со јачина од 7,2 степени по рихтер го погоди денеска Таџикистан, јавуваат кинеските сеизмолози. Епицентарот бил во близина на градот Мургоба на длабочина од 20 километри. Во меѓувреме на Твитер се појавија и први снимки од земјотресот, а на истите се гледаат како се лулаат сите работи од собата, а во еден момент […]
Франција се подготвува од март да воведе ограничувања за потрошувачката на вода во делови од државата, што е потег без преседан за овој период од годината по најсувата зима во последните 64 години, изјави министерот за животна средина Кристоф Бешу. Франција забележа 32 дена без дожд, објави метеоролошката служба Метео-Франс. Рестрикции има во 87 општини […]
Прифаќањето украински бегалци ја чинеше Франција речиси 500 милиони евра за една година – пари потрошени главно за сместување и плаќање помош на околу 100.000 луѓе низ целата земја, објави француското Министерство за внатрешни работи во пресрет на првата годишнина од почетокот на конфликтот во Украина. Од почетокот на војната, која го предизвика најголемото движење […]