Германија замрзна околу 5,25 милијарди евра имот на руски олигарси

Германија замрзна околу 5,25 милијарди евра имот на санкционирани олигарси од почетокот на рускиот напад врз Украина, соопшти германското Министерство за финансии.

Пред шест месеци таа бројка беше 4,28 милијарди евра.

Оваа информација Министерството ја соопшти како одговор на барањето на германскиот пратеник Кристијан Герке.

„Од декември замрзнат е имотот на олигарсите во вредност од само 200 милиони евра, а за половина година само милијарда“, рече Герке.

Според германскиот закон за санкции, тие кои подлежат на санкции од ЕУ мора веднаш да го пријават својот имот, бидејќи им се заканува парична казна или казна до една година затвор.

Досега осум олигарси го пријавиле својот имот вреден 577 милиони евра во Бундесбанката, покажуваат владините податоци.

ОСТАНАТИ ВЕСТИ

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *