Антисеизмичката заштита и издржливост на јавните објекти, пред сѐ на училиштата и болниците, била главната тема на денешниот состанок на грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис со надлежните министри, објави грчката новинска агенција АНА-МПА. На состанокот станало збор за контролите на конкретните објекти и нивната сеизмичка издржливост, прашање за кое во текот на следната седмица ќе бидат […]
Човек кој и доставувал на Русија многу чувствителни информации додека работел како обезбедување во Амбасадата на Велика Британија во Берлин, денеска е осуден на 13 години и два месеци затвор пред судот во Лондон. Судот го сослуша 58-годишниот Дејвид Балантајн Смит кој собирал доверливи информации повеќе од три години, вклучително и „тајни“ владини комуникации со […]
Пасторот Франциско Барајах почина откако се обидел да пости 40 дена, по примерот наведен во Библијата, имитирајќи го Исус. Бараја (39) воедно и основач на Евангелистичката црква Санта Триндад, починал во болница во градот Беира, каде што бил префрлен во критична состојба, при што му е констатирана акутна анемија и откажување на органите за варење. […]
Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел на 27 февруари во Брисел ќе свика состанок на високо ниво за дијалогот меѓу Белград и Приштина, соопшти Европската служба за надворешни работи. Како што се наведува во соопштението, учеството го потврдиле претседателот на Србија, Александар Вучиќ и премиерот на Приштина, Албин Курти. Борел […]
Во Романија денеска е регистриран нов земјотрес со интензитет од 4,3 степени според Рихтеровата скала. Епицентарот на земјотресот бил на 14 километри од градот Таргу Јиу. Тоа е 26. земјотрес регистриран во Романија во изминатите 69 часа, но нема материјална штета. На 13 февруари во Романија имаше земјотрес од 5,5 степени, а следниот ден беше […]
Висок украински функционер денеска ја отфрли можноста за мировни преговори со Москва доколку Русија не се повлече од Украина, повторувајќи го претходниот став на Киев пред почетокот на меѓународната безбедносна конференција во Минхен, на која главна тема ќе биде војната. „За декриминализација на глобалната политика и вистинска глобална безбедност, војната мора да заврши со победа […]
Земјотрес со јачина од 4,3 степени според Рихтеровата скала е регистриран денеска во Романија во округот Горж, каде претходно оваа недела се случија два умерени земјотреси, јавија романските медиуми. Поради земјотресот утрово е евакуирана подрачната управа на Горж, јавува ТВ Диги 24. Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 8,7 километри. Серија потреси беа регистрирани […]
Екстремно високите температури во Аргентина поврзани со климатските промени го влошија влијанието на историската суша што ги погодува земјоделските области на јужноамериканската земја од минатата година, велат научниците во најновиот извештај. Научниците поврзани со групата World Weather Attribution (WWA) велат дека брзата анализа покажала дека климатските промени директно не ги намалуваат врнежите, но дека високите […]
Највисоките кинески лидери прогласија „решавачка победа“ над Ковид-19, велејќи дека нивните напори покажале дека повеќе од 200 милиони луѓе добиле медицинска помош и имаат најниска стапка на смртност во светот. – Со континуирани напори за оптимизирање на мерките за превенција и контрола на Ковид-19 од ноември 2022 година, одговорот на Кина на Ковид-19 направи непречена […]
Бао Фан, извршен директор на инвестициската банка China Renaissance Holdings, е недостапен веќе неколку дена, соопшти вчера компанијата, а пренесе BBC. Бао беше водечки деловен брокер во Кина, а неговите клиенти беа врвните технолошки компании Didi и Meituan. По објавувањето на неговото исчезнување, акциите на China Renaissance паднаа за 50%. Компанијата не прецизираше колку долго […]