Еден загинат и четворица повредени во руски напад со дронови во западна Украина

дно лице загина, а четворица се ранети во западна Украина во руски напад, што ноќеска бил извршен со десетина ирански беспилотни летала, соопштија украинските власти.

Загинатиот бил спасител, а бил убиен додека ја извршувал својата должност, изјави на каналот Телеграм градоначалникот на Хмелницки, Олександер Симчишин, наведувајќи дека во тие удари биле оштетени згради.

Гувернерот на регионот Хмелницки изјави дека биле извршени три ноќни напади врз истоимениот град, што се наоѓа меѓу Киев и Л’вов.

„Од четворицата повредени, тројца се во болница во тешка состојба, но нивните животи не се во опасност“, изјави гувернерот на Телеграм.

Украинските воздухопловни сили соопштија дека Русија лансирала 14 борбени беспилотни летала „Шахед“, од иранско производство, и дека украинската противвоздушна одбрана соборила 11.

„Девет беа соборени околу Киев“, соопшти воената управа на главниот град на Украина, наведувајќи дека во тој напад нема жртви или оштетени предмети.

ОСТАНАТИ ВЕСТИ

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *